ОН подготвени да ја започнат истрагата во Сирија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека е подготвен да испрати инспектори кои ќе ги истражат тврдењата за користење на хемиско оружје во Сирија. Говорејќи во Хаг тој рече дека тимот на инспектори се наоѓа во Кипар, каде чека зелено светло од сириската влада.
Според него, најпрвин мора да бидат утвредени правните и техничките услови со Дамаск за спроведување на истрагата.