Почина Маргарет Тачер

Маргарет Тачер

Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер изутрината почина од мозочен удар на 87 годишна возраст. Според нејзиниот портпарол Лорд Бел веста за смртта на Тачер ја потврдиле нејзините деца Марк и Керол. Британскиот премиер Дејвид Камерун изјави дека Британија загубила голем лидер. Таа во 1975 година стана првата претседателка на Конзервативната партија, а потоа и прва претседателка на владата на Обединетото Кралство. Функцијата ја извршуваше од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година.