Путин-имаме право да извршиме проверка на невладините

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека земјата има право да изврши инспекција во невладините организации кои се финансирани од странство. На заедничка прес конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Хановер тој рече дека невладините во Русија добиле милијарда долари во првите четири месеци од годинава. Според него, тие пари би можеле да бидат подобро искористени за да им се помогне на земји како Кипар.
Меркел изрази загриженост за инспекцијата на невладините и ја повтори нејзината поддршка за граѓанското општество.