Резолуцијата за Македонија на Комитетот за надворешни работи на ЕП

известувачот за Македонија Ричард Ховит

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент на денешната редовна седница во Брисел ќе гласа за резолуцијата за Македонија, јавува агенцијата МИА. Се очекува известувачот за Македонија Ричард Ховит, меѓу другото, да го даде своето мислење во однос на последниот извештај на Европската комисија за Македонија од октомври минатата година. Откако Комитетот ќе ја усвои резолуцијата се очекува таа во текот на месецов да биде разгледана и на пленарна седница на Европарламентот.