Македонија 20 години полноправна членка на ОН

Република Македонија на денешен ден пред 20 години со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Со тоа беше потврден меѓународно правниот субјективитет на Македонија по изразената референдумска волја на граѓаните на 8 септември 1991 година за самостојна и независна држава. По противењето и притисоците на Грција зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името кои досега не дадоа резултати.