Временска прогноза- облачно

Времето денеска ќе биде претежно облачно, претпладне се уште ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места можен е слаб снег. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура се движи од два до осум, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Од среда почнува стабилизација на времето со повисока дневна температура.