ДИК - Изборите фер и демократски

Потпретседателот на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи.

Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера, каква што се очекуваше, во која граѓаните може слободно да ја изразат својата волја, оцени потпретседателот на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи.

Нашите информации говорат дека изборите помаа во мирна атмосфера со неколку забелешки од страна на набљудувачите и политичките партии, но тоа не влијае на нарушување на изборниот процес. ДИК презема и ќе преземе се и тие да се остранат, изјави Јакупи.

Додаде дека изборниот процес ги исполнува сите услови за фер и демократско гласање на кое граѓаните слободно можеа да ја изразат својат волја.