МОСТ евидентирал нови нерегуларности

Втор круг од Локалните избори 2013. Гласање.

Набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ евидентирале непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица, прекин на гласањето во Бутел, случаи на семејно гласање во Струга, фотографирање гласачки ливчиња, некористење УВ ламба, јавно гласање. Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов информира дека на гласачко местово општина Бутел, членовите на ИО забележале дека од кочанот за градоначалник на општината има едно ливче помалку од оној кочан за градоначалник на град Скопје. Гласањето било прекинато 15 минути.
На друго гласачко место во Бутел, според него членови на ИО во четири случаи помагале на слепи и неписмени лица, додека, пак, на гласачко место 2966 општина Шуто Оризари членови на ИО помогнале на слепи и неписмени лица во шест случаи. Во Струга како и во Кочани, Алексов информираше дека на неколку гласачки места е забележано семејно и јавно гласање.