Регистрирани два инциденти во Струга

Втор круг гласање на Локални избори 2013

Секторот за внатрешни работи од Охрид регистрирал две прекршувања на изборниот процес во рамки на гласањето во вториот круг од локалните избори во Струга. Портпаролот на секторот Стефан Димоски изјави дека двата настани се случиле во две избирачки места во струшкото село Радолишта. Според него, во првиот случај се работи за 24-годишен албански државјанин кој се обидел да гласа со македонски документи, по што е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава за злоупотреба на избирачко право. Во друго избирачко место, како што информира Димоски физички е отстранет набљудувач од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од страна на избирачкиот одбор.
Според последните информации од Општинската изборна комисија во Струга, до 13 часот излезноста на гласачите е 33,08 проценти.