Одѕивот во струшко до 13 часот 33%

Во Струга и струшко до 13 часот според информации на Општинската изборна комисија излегле 33 % од вкупниот број на запишани избирачи во оваа општина. Иако за сега изборите се одвиваат без инциденти, набљудувачи кои се на терен велат дека во средините со албанско население биле забележани обиди за семјно гласање, но по навремената реакција на избирачките одбори ваквите обиди биле спречени. Во струшко Радолишта пак според информации исто така на набљудувачи од терен, имало обид за гласање со туѓа лична карта.