САД предупредуваат дека истекува времето за Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери го предупреди Иран дека истекува времето за преговорите за нуклеарната програма на земјата. Говорејќи во Турција Кери рече дека преговорите не се бескраен процес и сугерираше дека САД се подготвени да преземат воена акција доколку Иран одбие да го реши прашањето преку дипломатски напори.