Мендела ја напушти болницата

Нелсон Мендела

Јужноафриканските власти соопштија дека поранешниот претседател Нелсон Мендела ја напуштил болницата и дека неговото натамошно лечење ќе се довива во неговиот дом. Според соопштението, 94 годишниот Мендела беше хоспитализиран поради пневмонија.
Претседателот Јакоб Зума му се заблагодари на болничкиот персонал за грижата за здравјето на Мендела.