Баку домаќин на бизнис конференција

Главниот град на Азербеџан, Баку е домаќин на бизнис форум на кој ќе учествуваат повеќе од 200 регионални и глобални лидери кои ќе разговараат за предизвиците во Јужен Кавказ и Централна Азија.
Организаторите соопштија дека во фокус на разговорите ќе биде индустријата, природните ресурси, транспорт, како и инфраструктура, агрокултура, финансии и телекомуникации.