Кина со нови мерки против птичјиот грип

Во вториот по големина кинески град Хангжу, денеска се убиени илјадници птици, со цел да се спречи ширењето на вирусот на новиот птичји грип Х7Н9, од кој починаа шест луѓе во земјата. Во Шангај властите убија повеќе од 20 илјади птици, а во градот е забранета продажба на живи птици. Кина потврди 16 случаи на овој тип на грип во текот на изминатава недела. Кинеските власти тврдат дека нема докази за можно пренесување на вирусот од човек на човек, а истото го повтори и Светската здравствена организација.