Втор ден преговори со Иран во Алмати

Иран и претставници на светските сили во Алмати втор ден разговараат за нуклеарната програма на Техеран. Западните медиуми јавуваат дека до сега не е постигнат напредок во преговорите. Еврокомесарот за надворешна политика Кетрин Ештон се сретна со шефот на иранскиот преговарачки тим Саид Џалили. Еден од членовите на преговарачкиот тим за медиумите изјави дека првиот ден од преговорите завршиле само со договор за повторна средба а денеска тие размениле „мислења за начините на кои би требало да се водат преговорите.“ Претставникот на 6-те светски сили, Русија, САД, Кина, Франција, Британија и Германија по втор пат за еден месец се среќава со иранскитот преговарачки тим во Алмати.