Асад: Распадот на Сирија ќе предизвика „домино ефект“ во регионот

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека падот на неговата влада или распад на Сирија ќе предизвика „домино ефект“, по што Блискиот Исток ќе го втурне во нестабилност која ќе трае со години. Тој во интервјуто кое беше објавено на турска телевизија, изјави дека соседите на Сирија се виновни за вооружувањето на бунтовниците и, како што вели тој, тие за тоа ќе платат. Асад го обвини турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека ги подобрува односите со Израел за да можат заедно „да удрат врз Сирија“.
Ердоган порано беше еден од сојузниците на Асад но сега е негов најжесток критичар.
Во Москва рускиот претседател Владимир Путин изјавио дека сирискиот конфликт стана „ масакар“ кој мора да биде стопиран преку мировни разговори. Тој ги повтори цврстите ставови на Кремљ со кои се отфрлаат повиците за симнување на Асад од власта.
Во меѓувреме италијнскиот министер за надворешни работи соопшти дека 4 италијански новинари се киднапирани во северна Сирија.