Бан Ки Мун загрижен за Корејскиот Полуостров

Генералниот секратар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изјави дека „останува длабоко загрижен поради ескалацијата на тензиите на Корејскиот полуостров.“ Неговата забелешка доаѓа откако во петокот Северна Кореја предупреди дека не може да гарантира безбедност за дипломатите и побара од амбасадите да размислат за евакуација на вработените од земјата.
Во петокот јужнокорејските медиуми јавија дека Северна Кореја преместила најмалку два ракетни системи на источниот брег, потег кој може да биде закана за Јапонија и американските пацифички бази. Нивните извештаи не можат да бидат независно потврдени, јавуваат западните медиуми.
Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни изјави дека врз основа на досегашното донесување, „ не би бил изненаден ако Северна Кореја спроведе уште еден ракетен тест.“
Тензиите по последните нуклеарни тестови на Пјонгјанг доведоа Северна Кореја да прогласи воена состојба со Јужна Кореја и да им се закани на САД со нуклеарни напади.