Денеска гласаат затворeниците, раселените и немоќните лица

Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица. Во вториот круг право на глас имаат 988 затвореници и 73 раселени лица. Гласањето започна во 7 часот, а завршува во 19 часот. Гласањето за избор на градоначалник во втор круг ќе се одвива во 29 општини и во Градот Скопје. Гласањето во првиот круг од локалните избори заврши во вкупно 49 општини.