Тачи се надева на договор со Србија во наредните денови

Премиерот на Косово, Хашим Тачи, на денешната седница на владата, изјавил дека косовскиот тим во дијалогот за нормализација на односите со Србија бил конструктивен до онаа мерка до која дозволувале Уставот и законите на Косово и изрази надеж дека во наредните денови ќе биде постигнат договор. Значајно е да бидат остварени интересите на сите граѓани на Косово и европската иднина на двете земји, истакнал Тачи. Дијалогот не беше лесен, но доколку не дојде до договор, тоа ќе биде штетно за сите, нагласил Тачи.