Руски воени бродови се распоредуваат во Средоземно Море

Руското министерство за одбрана соопшти дека неколку бродови од Пацифичката флота ќе бидат испратени во Средоземно Море, како дела од воспоставувањето перманентно руско поморско присуство во регионот. Воените бродови од Јужно кинеско море веќе биле испратени кон Суецки канал и ќе бидат стационирани во пристаништа на неколку земји, е соопштено денеска во Москва, при што не е прецизирано во кои земји.