Магаре употребено како „бомбаш самоубиец“ во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека при експлозија на бомба закачена за магаре во Лангхман загинал полицаец и биле ранети тројца цивили.
Бомбата на магарето била управувана со далечински управувач, а експлозијата се случила пред полициска станица.
Полицијата за нападот ги обвини талибанците кои и во минатото користеа магариња за терористички напади.