Во Казахстан раговори за иранската нуклеарна програма

Светските сили и Иран одржуваат нова рунда разговори за нуклеарната програма на Техеран во Алмати Казахстан. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон изрази внимателен оптимизам, а иранскиот преговарач Саид Џалил изјави дека шансите за напредок во разговорите зависат од тоа дали светските сили ќе го признаат правото на Иран за збогатување на ураниум.
Шесте светски сили (САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија) и Иран пред 5 недели имаа средба во Алмати. На првата средба во февруари, светските сили понудија да се укинат некои од економските санкции врз Иран, ако Техеран се согласи да го прекине збогатувањето со ураниум.
Разговорите доаѓаат поради предупредувањата од Израел дека тие би можеле да ги бомбардираат иранските нуклеарни постројки, ако дипломатијата и санкциите не успеаат да го запрат нуклеарниот напредок.