Северно корејските работници не дојдоа на работа во Каесонг

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап јави дека денеска во заедничката индустриска зона Каесонг не дошле на работа 53 илјади северно коресјки работници. Агенцијата го цитира министерството за обединување на Јужна Кореја, според кое причина е празник на трудот во Северна Кореја кој за прв пат бил неработен. Претходно јужнокорејскиот министер за обединување Ро Кихл јае изјави дека Јужна Кореја ќе ги повлече работниците од заедничката индустриска зона од Северна Кореја доколку нивните животи бидат во опасност. Неговата изјава доаѓа по најновите тензии на Корејскиот полуостров и одлуката на Пјонгјанг да не дозволи влез на нови работници од југот. Северна Кореја се закани и со нуклеарен напад кон Јужна Кореја и нејзиниот сојузник САД.