Германија-членството на Србија во ЕУ зависи од преговорите

Членството на Србија во ЕУ зависи од резултатот на преговорите меѓу Белград и Приштина, изјави портпарол на германската Влада. Според него, за двете страни е важно да се одржи дијалогот. Тој порачал дека резултатот ќе биде од корист за двете страни, како и во поглед на приближување на Србија кон Унијата.
Осмата рунда од преговорите меѓу Косово и Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји заврши без договор.