САД нудат 5 милиони долари за апсење на бунтовничкиот лидер од Уганда

Џозеф Кони

Соединетите Американски Држави понудија награда од 5 милиони долари за информација која ќе помогне да биде уапсен Џозеф Кони, кој е по потекло од Уганда и е лидер на бунтовничката Армија на отпорот. Оваа армија се смета за одговорна за осакатување и киднапирање деца речиси две декади во 4 земји од централна Африка. Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Кони, кој е обвинет за воени злосторства. До американската понуда за награда за апсење на Кони доаѓа откако Уганда соопшти дека ја суспендира потрагата по Кони во Централно Африканската Република бидејки бунтовниците ја превзедоа власта во таа земја.