Реал рутински, во Малага без голови

Кристијано Роналдо беше стрелец на првиот гол за Реал Мадрид

Во синоќешните натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампиони, фудбалерите на Реал во Мадрид убедливо го победија турски Галатасарај со 3:0, а Малага и Борусија Дортмунд одиграа без голови 0:0.
Головите за „кралскиот клуб“ ги постигнаа Роналдо во 9-та, Бензема во 29-та и Игуаин во 73-та минута.
Реванш мечевите се играат во идната недела.

Вечер на програмата се четвртфиналните натпревари во Лига Европа. Се среќаваат Челзи-Рубин, Тотенхем-Базел, Фенербахче-Лацио и Бенфика-Њукасл.