САД не дозволуваат посети на руски затвореник во Гвантанамо Беј

Соединетите Американски Држави нема да им дозволат на руските власти да организираат посета за руски државјанин во Гвантанамо Беј. Равил Мигазов е притворен во американската база во Куба од 2002 година, осомничен за врски со исламистички милитанти, но до сега не се покренати формални обвиненија. Четириесет и седум годишниот поранешен балетан се преобратил во Исламот додека го отслужувал воениот рок во руската армија.