Русија-судењето на опозицискиот лидер Навални на 17 април

Алексеј Навални

Судењето на Алексеј Навални, кој е еден од најжестоките критичари на рускиот претседател Владмири Путин ќе започне на 17 април. Тој е обвинет за проневера на пари во една бизнис зделка на властите од регионот Киров во 2009 година. Навални тогаш работел како советник на властите и е обвинет за кражба на пола милион долари.
Доколку биде прогласен за виновен Навални се соочува со затворска казна до 10 години. Тој изјави дека обвинението е дел од кампањата на Кремљ да го дискредитира.