Крај на евро-скептицизмот во Чешка?

Шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и новиот претседател на Чешка, Милош Земан, денеска во Прага заедно го подигнаа знамето на Европската Унија над Храдчани, како симболичен крај на евро-скептицизмот на претходниот чешки претседател Вацлав Клаус. Истовремено, претседателот Земан денеска го потпиша и додатокот на Лисабонскиот договор со кој се овозможува функционирањето на новиот заштитен механизам за еврото. Вацлав Клаус овој додаток не го потпишуваше, оценувајки го како апсурден и безсмислен.