Ракомет: Македонија-Шпанија

Се очекува салата „Борис Трајковски“ да биде полна

Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Скопје се среќава со селекцијата на актуелниот светски првак Шпанија, во рамките на квалификациите за Европското првенство во Данска. Натпреварот почнува во 17 часот и 45 минути.
Во нашата квалификациска група прва е Шпанија со максимални 4 бодови. Македонија и Португалија имаат по два, а Швајцарија е последна без ниту еден бод.
Вклучувајќи ги и денешните натпревари, до крајот на квалификациите сите селекции ќе одиграат по уште 4 средби, а на Еуро ќе се пласираат репрезентациите што ќе ги освојат првите две места на табелата.