Времето променливо со можен дожд и град

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за појава на невреме со град.

Утринската температура се движи од седум до 12, а дневната ќе биде од 10 до 18 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до девет и со дневна до 16 степени.