Нови 4 случаи на птичји грип во Кина

China -- A nurse wears a mask at Sichuan Provincial Hospital in Chengdu, 11May2009

Кинеските власти соопштија дека уште четири лица се заразени со новиот вирус на птичји грип. Според нив, три жени и еден маж биле заразени со птичјиот грип Х7Н9 во покраината Џинагсу и нема докази за поврзаност меѓу заболените, бидејќи тие живееле во различни реони.
Светската здравствена организација изрази загриженост за појавата на новиот вид на птичји грип и соопшти дека е важно да се открие како луѓето биле заразени.