Политички препукувања за одлуката на Управниот суд

Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев изјави денеска дека Управниот суд донел срамни одлуки и стaнал соучесник во манипулации. Според него, по злоупотребите пред и за време на кампањата, со политичките одлуки на ДИК и на Управниот суд се затворил кругот за непочитување на правото и за спроведување нелегитимни и недемократски избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека наместо да ја прифати реалноста СДСМ продолжува да бара алиби кај сите други за својот изборен пораз.