Само во март во Сирија загинале над 6.000 луѓе

Минатиот март бил најсмртоносен месец во двегодишниот конфликт во Сирија. Според сиријски активисти, над 6.000 лица загинале во минатиот месец во Сирија, а се претпоставува дека оваа бројка би можела да биде уште поголема бидејки сиријските владини сили а и бунтовниците не ги соопштуваат точните бројки на загинати. Активистите наведуваат дека од вкупниот број загинати во март, околу 2.000 се цивили. Според проценките на Обединетите Нации, од почетокот на сиријскиот конфликт во март 2011-та, досега загинале над 70.000 луѓе.