Калед Мешал реизбран за лидер на Хамас

Калед Мешал, лидер на Хамас.

Хамас го реизбра 56-годишниот Калед Мешал за лидер на организацијата. Тој е на чело на Хамас од 1996 година и немаше противкандидат, иако минатата година рече дека нема да бара нов четиригодишен мандат. Мешал се смета за клучен човек во напорите за помирување со Фатах, на чие чело е палестинскиот претседател Махмуд Абас. Мешал беше реизбран во процес на тајно гласање кое траеше повеќе од една година и на кое учествуваа претставници на Хамас од Газа, од Западниот Брег, оние во егзил и оние затворени од Израел.