Временска прогноза - Облачно време со обилен дожд

Архивска фотографија: Поплави во струмичко Моноспитово на 27 февруари 2013 година.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне на места ќе бидат пообилни, особено во западните подрачја, каде што се очекува да наврнат и над 30л/м2. Ќе дува умерен, во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вечерните часови можна е и појава на грмежи. Температурата ќе се движи од 6 до 17 степени.