Тачи-нема лесно да се постигне компромис со Србија

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави денеска дека нема да биде лесно во текот на утрешните преговори меѓу Приштина и Белград во Брисел да се постигне компромис. Според него, проблемот е во Србија, бидејќи одбива да ги прифати предложените решенија.
Тачи порача дека цената за евенуталното непостигнување договор ќе ја плати Србија, бидејќи со тоа ќе го забави евроинтеграцискиот процес.