Николиќ-Србија ќе преговара за полицијата и судовите

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска изјави дека на осмата рунда од дијалогот со Приштина во Брисел ќе присуствува и првиот потпретседател на владата Александар Вучиќ. Николиќ посочи дека нивните претставници ќе бараат граѓаните од заедницата на српски општини да одлучуваат за судството и полицијата без присуство на војската.
Според него, Србија не сака да поставува ултимативни барања кои би значеле исполнување на Уставот и законите на земјата, но и да не прифаќа ултиматими.