Пораст на трошоците за живот

Трошоците на живот во март годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 0,1 отсто, а во однос на март минатата година од 3,1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, порастот на трошоците е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 3,9 отсто, овошјето за 2,5 отсто, преработките од овошје и рибата за 0,7 отсто, преработките од зеленчук и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.
Во март, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај лековите за 3,7 отсто, авионскиот превоз на патници за 2,8 отсто, нафтените деривати за 1,9 отсто, храната и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,4 отсто.