Пакистан-домаќинка се кандидира за пратеничка

Пакистанскиот парламент

Бадаз Зари е првата жена од пакистанските племенски области која се кандидира за место во Парламентот. 40 годишната домаќинка вчера ги поднела документите за регистрација во реонот Бајаур кој се наоѓа во близина на границата со Авганистан. Зари изјави дека има три приоритети, меѓу кои обезбедување на чиста вода за пиење, образование за децата и подобри здравствени услови особено за жените.
Реонот Бајаур е засолниште на талибанците и во него доминираат Паштун племињата кои се конзервативни во однос на правата на жените.