Тројца штипјани загинаа во сообраќајка кај Петровец

Тројца млади штипјани синоќа загинаа во сообраќајна несреќа кај селото Петровец, на патниот правец Скопје - Велес.
Сообраќајната несреќа, според Министерството за внатрешни работи, се случија 200 метри пред наплатната рампа, кога патничкото возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски таблички изгубило контрола, ја пробило заштитната ограда и завршило во каналот покрај автопатот.
Тројцата штипјани Стефан Николов (22), Бојан Бочварски (25) и Јани Димитриев (18) загинале на самото место.
Извршен е увид на местото на несреќата, а телата се дадени на обдукција.