Централнo Африканската Република доби нова Влада

Самопрогласениот претседател на Централно Африканската Република Михел Дјотодиа ја именуваше новата влада на национално единство. Во новиот кабинет има и поранешни бунтовници, опозиционери и претставници на цивилниот сектор. Од 34 членови на владата, девет министри се од бунтовничките редови на Коалицијата Селека, осум од опозицијата, а преостанатите се од цивилното општество и различни политички партии.
Договорот за формирање влада беше потпишан уште во јануари. Од декември кога Селека ја презеде контролата во поголемиот дел на земјата и по постигнувањето на договорот, бунтовниците ја обвинија владата дека не го почитува Договорот. Дјотодиа дојде на власт на 24 март кога ги предводеше бунтовниците.