Пет деца загинаа во пожар во Франција

Во пожар на куќа во северниот дел на Франција животот го загубија пет деца. Локалните власти соопштија дека децата биле на возраст од 2 до 10 години. Нивниот татко бил присутен дома за време на пожарот, при што успеал да се спаси и да помине со полесни изгореници.
Децата биле во посета на нивниот татко, кој преживеал, бидејќи скокнал од прозорецот од првиот кат на куќата во Сент Квентин, кој се наоѓа на 130 километри од Париз.