Налог за апсење на најпознатиот египетски сатиричар

Египетското обвинителство издаде налог за апсење на популарниот телевизиски сатиричар Басеми Јусеф, кој е обвинет за навреда на исламот и на претседателот Мухамед Морси. Јусеф постираше на Твитер дека денеска ќе им се предаде на властите.
Властите во Египет во последниве недели ги гонат критичарите, при што 13 лица беа притворени во Александрија, меѓу кои и 5 адвокати. Тие се обвинети за навреда на безбедносните лица и за обид за ослободување на други затвореници.