Ајфеловата кула евакуирана по дојава за бомба

Посетителите на Ајфеловата кула биле евакуирани по анонимниот телефонски повик дека на локацијата била поставена бомба. Околу 1400 туристи го посетувале местото во моментот, а полицијата по претресот, кој траел околу два часа не пронашла никакви сомнителни направи. По истрагата ајефловата кула била повторно отворена.