САД заканите од Северна Кореја ги сметаат за сериозни

Белата куќа соопшти дека заканите од Северна Кореја за војна со нејзиниот јужен сосед ги смета за сериозни и покрај историјата на воена реторика на Пјонгјанг. Според соопштението, Вашингтон е во блиски контакти со Сеул.
Северна Кореја вчера соопшти дека нејзините вооружени сили се во воена подготвеност.