Карзаи во посета на Катар

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи пристигна во главниот град на Катар, Доха. Неговата дводневна посета на земјата е со цел да се забрзаат преговорите со талибанците. Според соопштението, отварањето на канцеларија на талибанците во Катар и авганистанскиот мировен процес ќе бидат во фокусот на разговорите на Карзаи со властите од земјата.