Помен за жртвите кај Смилковското езеро

Семејствата на петте жртви кои трагично го загубија животот кај Смилковското езеро денеска положија цвеќе и запалија свеќи на местото каде на 12 април минатата година се случи трагичниот настан.
Судскиот процес против обвинетите за овој случај се уште трае. Министерот за правда Блерим Беџети вчера изјави дека е во тек постапката за екстрадиција од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети во случајот „Монструм“, но не прецизираше кога тие би можеле да бидат доведени во Македонија за да одговараат за петкратното убиство кај Смилковското езеро.На 12 април минатата година кај Смилковското езеро без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски.