Адвокатите ќе се фискализираат

По барањето на Адвокатската комора адвокатските маркички повеќе нема да се применуваат. Ова значи дека ќе се овозможи фискализација на адвокатските услуги. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески информираше денеска на пресс конференција дека Министерството за финансии на првата седница на Владата ќе предложи измена на Законот.Со тоа, според него,се воспостават еднакви услови на пазарот и функционален систем за практична примена на даночната постапка.