Авганистанскиот претседател Карзаи ги откажа разговорите во Катар

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се откажа од разговори во Катар каде тој требаше да има средби со официјални претставници за да разговараат за авганистанскиот мировен процес и за одлуката да им се дозволи на талибанците да отворат канцелaрија во Катар.Талибанците одбиваат директни разговори со Карзаи за кој мислат дека е марионета на САД.